Во Службен весник на РСМ 303/21 се објави нов (ОБРАЗЕЦ ДД-ДО), кој го доставуваат даночните обврзници кај кои престанале условите за даночно ослободување по основ на реинвестирана добивка и по основ на донирани финансиски средства на спортски субјекти врз основа на ваучер издаден од Агенција за млади и спорт.
Данокот на добивка кој би го платиле кога не би ги користеле даночните ослободувања се утврдува и плаќа врз основа на (ОБРАЗЕЦ ДД-ДО), кој е во сила од 01 јануари 2022 година и кој се доставува до Управата за јавни приходи во рок 30 дена од денот на престанување на условите за даночно ослободување.
